Британците ќе го земат Зеленски во Лондон, вели украински пратеник

Британските разузнавачки служби ќе ги извлечат од Украина претседателот Володомир Зеленски и шефот на неговиот кабинет Андреј Ермак, објави во неделата на својот канал на Telegram пратеникот во украинската Врховна Рада, Александр Дубински кој се напиша во истражен притвор под сомнение за предавство.

„Британците го земаа кај нив (поранешниот врховен командант на украинската армија, генералот Валериј) Зазлужни и дефинитивно ќе ои замат со сето награбано Зеленски со Ермак, кога ќе им дојде редот. Не попусто Зеленски го чуваат британски специјалци“, пишува Дубински.

Украинскиот пратенил, исто така, ја поддржува верзијата дека британските разузнавачки служби би можело да бидат вклучени во експлозиите со кои беа уништени двата гасовода Северн тек во Балтичкото Море, кои оперирале преку Украина, така што според Дубински, Лондон успеал да ги ослабо своите „историски ривали“ Германија и Франција.

Претходно шпанскиот дневен весник El Mundo објави дека во дипломатските кругови во Киев се многу загрижени за тоа што ќе се случува по можното постигнување договор за прекин на огнот и замрзнување на фронтот. Според весникот, во украинската престолнина се појавиле информации дека западните земји подготвуваат „златен егзил“ за Зеленски во Лондон во текот на подготовките за претседателските избори кои беа одложени минатата 2023 година.