Британците може да се соочат со ограничена продажба на јајца

Најголемите супермаркети во Велика Британија поради голем недостиг може да ја ограничат продажбата на јајцата, пишува весникот The Sun повикувајќи се на извори од водствата на три големи трговски синџири.

Причината за недостигот е новото избувнување на епидемија на птичји грип во која биле уништени цели живинарска фарма и угинувањето на милиони кокошки и друга живина во текот на летните горештини. Имено Велика Британија ова лето го доживеа еден од најдолгите рекордни топлотни бранови, при што на 19-ти јули беше надминат претходниот температурен рекорд од 38,7 Целзиусови степени, кога беа измерени 40,3 степени.

Покрај тоа, британските фармери ја напуштаат живинарската индустрија поради падот на профитот, поттикнат од растот на цените на сточната храна по почетокот на војната во Украина, се наведува во прилогот. Фармерите се жалат дека додека купувачите сега плаќаат поскапо за 20 пени за дузина јајца, тие добиваат дополнително само 4 пени, за што ги обвинуваат големите продажни синџири.

„Цената за набавка на нови птици се зголеми, но цената што ја добиваме за нашите јајца остана иста. Физички не можеме да си го дозволиме производството“, рекол еден од фармерите за The Sun.

Портпаролот на овој сектор, рекол дека понудата во моментов е многу мала, и оти се прават напори за да трговците можат да продолжат да ја задоволат побарувачката на јајца.

Минатата година Велика Британија произвела 11,3 милијарди јајца и морала да увезе уште 1,4 милијарди за да ја задоволи домашната побарувачка. Британците вообичаено консумираат 13,5 милијарди јајца годишно,

Трговците на мало, поради тоа, ја разгледуваат можноста да започнат со увоз на јајца од Полска, како и до прекуокеанските добавувачи за јајца во прав што нашироко се користи во пекарската индустрија. Но тоа, се разбира, ќе доведе до повисоки цени поради дополнителните транспортни трошоци.

Во октомври британското Биро за национална статистика (Office for National Statistics, ONS), објави дека цената на кутија со десет јајца пораснала за 23,2 отсто во споредба со истиот период минатата година. А според истражувањето на консултантската компанија „Kantar“ инфлацијата во Велика Британија во истиот период достигнала рекордни 14,7 отсто.