![FILE PHOTO: Association of the United States Army (AUSA) Global Force Symposium & Exposition, in Huntsville](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/BAE-Sistems.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Британската команија во воено-индустрискиот сектор „BAE Systems“ договорила во четвртокот купување на вселенскиот оддел на „Ball Corp“ за 5,55 милијарди долари во готовина, со што ќе го преземе клучниот американски добавувач и подизведувач во областите како што се националната безбедност и разузнавачките активности.
Најголемата британска наменска компанија планира да ги искористи новите кредити и постојната готовина за финсирање на купувањето на вселенските операции на „Ball Corp“, кои се занимаваат со градење вселенски летала, инструменти и сензори коишто, меѓу другото, се користат за следење на временските и климатските промени.
Од „Ball Corp“, кој меѓу другото е и најголемиот светски добавувач на лименки за пиво, велат дека остварените приходи од продажбата ќе ги искористат за намалување на големите долгови во износ од 9,7 милиајрди долари, како и за поврат на парите на акционерите и забрзувње на органскиот раст во глобалните операции за пакување.
Склучувањето на конечниот договор се очекува во првата половина од следната година. Во првата година откако ќе биде склучен, како што планираат во „BAE Systems“, би требало да ја поддржи добивката по акција и маржа.
Инаку „BAE Systems“ имаше полза од зголемената воена потрошувачка поради војната во Украина и тензиите околу Тајван. Претходно во август ги подобрија своите насоки за добивката во 2023 година, велејќи дека зголемената глобална неизвесност довела до рекордни нарачки на воена опрема.
„Претставува реткост работата од овој квалитет, обем и комплементарни можности, со силни изгледи за раст и блиски вклопувања во нашата стратегија, да стане достапна“, вели во писмена изјава извршниот директор на „BAE Systems“, Чарлс Вудбурн.
Вселенскиот бизнис на „Ball Corp“, кое е сместено во американската сојузна држава Колорадо, прозведува опрема за воздухопловството и националната одбарана, како што се сензори и антени, а остварило приход од 1,98 милијарди долари и сочинувало 13 отсто од консолидираната нето продажба на компанијата во минатата 2022 година.