Милиони британски семејства се принудени од својата исхрана да ги исфрлат месото и рибата, поради острото зголемување на цените на храната, пишува The Daily Mail.
Според податоците до кои дошол весникот, во изминатите три месеца во Велика Британија е намалена продажбата на сите видови место, риби и живина во споредба со истиот период минатата 2021 година.
Притоа, презентирани се податоци на аналитичката компанија Kantar за истражување на пазарите, според кои продажбата на говедското месо се намалило за 13,7 отсто, на свинското за 10,6 отсто, на јагнешкото за 23,7 отсто и на рибешкото и другите морски производите за 11,6 отсто.
Сега, се наведува во написот, Британците бараа поевтини изводи на протеини, преминувајќи од поскапите месни филеа, на поевтиното пилешко месо. Притоа се истакнува дека веганите и вегетаријанците на храна трошат значително повеќе отколку просечниот Британец.
Растот на цените на местото и производите од место во Британија се припишува на нарушувањата во синџирите за снабдување предизвикани по растот на цените на горивата по воведувањето на антируските санкции поради војната во Украина. Тоа доведе и до зголемување не цените на енергијата и на храната во Европа и во САД, а во Велика Британија со зголемените животни трошоци се погодени милиони домаќинства.
Според британското национално биро за статистика, инфлацијата во април на годишно ниво достигнала 9 отсто, највисокото ниво од март 1982 година. Потрошувачките цени во април се зголемиле на 2,5 отсто, наспроти растот од 1,1 отсто во март. Во мај, пак, годишното ниво на инфлација достигна нов рекорден показател по 40 години, од 9,1 отсто.