Британците се обиделе да врбуваат руски дипломат во Хаг

Припадници на британското разузнавање пред десетина дена се обиделе да го врбуваат военото аташе при руската амбасада во Хаг, се дознава од објавата во понеделникот на руското Министерство за надворешни работи во кое се додава и дека тоа не првиот такво случај.

Поради инцидентот кој се одиграл на 20-ти октомври, во руското министерство за надворешни работи во понеделникот бил повикан холандскиот амбасадор во Москва, Бесхоор Плух, кому би бил изразен „остар протест“, пренесува агенцијата РИА:

„Во разговорот беше истакнато дека ваквите провокации се неприфатливи, се во спротивност од Виенската конвенција за дипломатските односи од 1961 година и го попречува нормалното функционирање на руските дипломатски мисии во странство“, се наведува во соопштението на министерството.

Притоа се истакнува дека последните години на територијата на Холандија од страна на западни разузнавачки служби биле изведени неколку вакви акции против вработени во руските дипломатски мисии.

„Како што гледаме, странските разузнавачки служби се чувствуваат како дома на холандската територија“, се истакнува во рускиот протест.

Се потсетува дека уште во декември 2018 година, припадници на американската Централна разузнавачка агенција (CIA) му пристапиле на дипломат во руската мисија во паркот на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) во Хаг, а во декември 2019 година го убедувале на соработка аташето од руската амбасада во затворен простор на аеродромот Схипхол во Амстердам.

Според руската дипломатија, холандските власти и безбедносни агенции „не само што не ги запираат ваквите незаконски дејствија, туку и самите учествуваат во нив“.

Тоа се илустрира со податокот дека холандски разузнавачи во април годинава се обиделе да регрутираат тројца руски дипломати кои претходно биле прогласени за „персона нон грата“ и протерани од Холандија. Се потсетува и на инцидентот од април 2020 година во Хаг при редовно одржување на автомобилот на дипломат од амбасадата бил откриена опрема за следење.