
Месечното количество дожд би можело да наврне во еден ден ширум Велика Британија до крајот на седмицата, предизвикуајчо поплави опасни по животите на луѓето, предупредуваат стручњаците.
Издадено е портокалово предупредување за бура и невреме за повеќе делови од јужна Англија, како Девон и Сомерсет. Жолти предупредување за бура во неделата беше на сила во остатокот од југозападна Англија и Јужен Велс.
Слично предупредување е издадено и за главниот град Лондон, како и за југоистокот, истокот и централниот дел на Англија кој е на сила до 6 часот наутро во понеделник.
Обилните дождови врнеа ширум југозападна Англија и во неделата утротот, со локализирани поплави во јужен Девон.
Метеоролошката служба соопшти дека очекува дополнителни 25 до 55 милиметри дожд во погодени области на 30 до 60 милиметри кои веќе наврнале изминатите 12 часа. Тоа значи дека до крајот на седмицата би мочело да наврне повеќе од 100 милиметри дожд во областа во кој септемврискиот просек е 92,45 милиметри.
Во другите делови од Обединетото Кралство би можеле да наврнат барем половината од месечните врнежи во 24 часа.