Британците во шок-сметката за гас и струја поголема за 2.400 евра

Британците се погодени од огромното зголемување на сметките за енергија од 1 април, што ја заокружи најтешката криза на трошоците за живот во земјата во последните децении, пишува Си-Ен-Ен.
Годишните сметки за околу 22 милиони домаќинства ќе се зголемат за околу 2.000 фунти (2.395 евра), откако британскиот енергетски регулатор ја подигна горната граница на цените на енергијата за електрична енергија / гас за 54 отсто, пренесува Билтенот за енергија.
Ова е најголемиот скок на цените откако британскиот регулатор почна да ги ограничува зголемувањата на цените во 2017 година.
Зголемувањето ќе го удвои на пет милиони бројот на домаќинства во Англија кои живеат во „енергетска сиромаштија“, односно кои трошат најмалку 10 отсто од својот вкупен приход за сметки за енергија, покажува анализата на независната аналитичка фирма Resolution Foundation.
– Ова е најголемиот шок на цените на енергијата во живото сеќавање – изјави за Си-Ен-Ен Адам Скорер, извршен директор на Националната енергетска акција, добротворна организација за борба против енергетската сиромаштија.
Тој вели дека британските сметки веќе пораснале за 12 отсто во октомври минатата година, последен пат кога беше приспособена ценовната граница, откако светската криза во снабдувањето со природен гас ги зголеми големопродажните цени на рекордно ниво.
Инфлацијата на потрошувачките цени далеку ги надмина очекувањата на економистите, кои во анкетата на Ројтерс предвидоа просечна годишна инфлација од 5,9 отсто во февруари.
Сепак, инфлацијата беше на нивото 30-годишно ниво од 6,2 отсто.
Националното биро за статистика (ONS) посочи дека најголеми двигатели на растот на инфлацијата се цените на енергијата за домаќинствата и бензинот. Според ONS, потрошувачките цени во февруари се зголемиле за 0,8 отсто во однос на претходниот месец, што е највисок пораст од февруари 2009 година.