Британец „го искачи“ Монт Еверест во својата зграда

Британскиот авантурист Џон Грифин (53) ја искористи насобраната енергија и слободното време за да „го достигне“ Монт Еверест во својата зграда.

– Внесувањето јаглени хидрати е апсолутно клучно. Трошев, веројатно 6.500 калории на ден, изјави тој по подвигот.

Имено, тој во четири дена направил 41.000 чекори на скалите во трикатното здание во западен Сасекс што, според него, е еднакво на искачувањето на највисокиот врв на светот од 8.850 метри.

Преку неговиот потфат, Грифин собра околу 3.500 фунти за добротворната организација Трасел траст која поддржува околу 1.200 банки за храна во Велика Британија.

– Следниот потфат е да го препливам Ла Манш во кадата, се пошегува планинарот.