Британец и Романец загинаа во напад на танкер во Арапското Море

вајца членови на екипажот на јапонскиот танкер „Mercer Street“ се убиени во нападот кој се одриграл ноќта кон петокот, објави компанијата оператор со пловилото „Zodiac Maritime“ и додава дека станува збор за државјани на Романија и на Велика Британија.

„Со длабока тага известуваме дека, колку што ни е познато во моментов, инцидентот на бродот ‘Mercer Street’ на 29-ти јули 2021-ва доведе до смрт на двајца членови на екипажот, државјанин на Романија и државјанин на Велика Британија. Не поседуваме информации за други настрадани“, се наведува во објавата на компанијата.

Поединости за инцидентот, за кој се верува дека е поврзан со поморското пиратство, засега не е се објавени. Компанијата појаснува дека во моментов се разгледуваат околностите во кои се случил инцидентот и оти е започната истрага.

Претходно порталот на британската компанија „Dryad Global“, специјализирана за безбедносни прашања во поморскиот сообраќај, објави дека екипажот на танкерот се состои од 27 лица, меѓу кои државјани на Кина, Русија, Украина, Грузија и на други земји.

Според Организацијата за поморска трговија на Обединетото Кралство, нападот врз танкерот се одиграл околу 23,40 часот по светското координирано време во четвртокот, односно 1,40 часот по македонско време, кога бродот пловел во Арапското Море на околу 280 километри од брегот на Оман.

Како што прецизират од „Zodiac Maritime“, танкерот за превоз на хемиски материи без товар во пловел во интерес на израелскиот претприемач Ојал Офер, а патувал од танзансиското пристаниште Дар-ел-Салам во арапското пристаниште ал-Фуџајра. Танкерот „Mercer Street“ е во сопственик на јапонски бродосопственик а плови под знамето на Либерија.