Британец со потекло од Сомалија е убиецот на пратеникот Дејвид Ејмс

Како терористички чин поттикнат од исламистички екстремизам се води убиството на англискиот десничарски пратеник сер Дејвид Ејмс (69), кој вчера сред бел ден беше избоден на средбата со гласачите во својата изборна единица во црква во Есекс.

На самото место за убиството уапсен е 25-годишен Британец со сомалијско потекло. Полицијата засега не бара никој друг во врска со убиството, но како дел од истрагата, пребаруваат уште на две адреси во Лондон. Полицијата смета дека мажот делувал сам, но продолжуваат истрагите за околностите на инцидентот.