Велика Британија ќе ја зголеми помошта за украинските војници во текот на зимата, имајќи предвид дека претстои „клучната битка“ за Херсон и пристигнуваат мобилизираните руски војници, изјави во средата британскиот министер за одбрана Бен Валас.
Валас му се придружи на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер, на обуката на украинските војници во југоисточниот англиски град Лид, откако Лондон објави дека во Украина ќе испрати уште 12.000 вреќи за спиење за многу студено време.
„Зимата се приближува и тоа е многу важен предизвик за двете страни. Затоа сме решителни … ќе им ги пружиме на украинските војници најдобрите основни вештини, бидејќи веќе знаеме дека руската војска тоа не го прави“, рече Валас.
Претходно во средата руската команда објави дека ќе ги повлече своите единици поради стратешки причини на источниот брег на реката Дњепар, откако украинските сили два месеца безуспешно се обидуваат да ги пробијат руските линии на одбрана на Херсон. Но, Киев предупредува дека можеби станува збор за маневри на Москва, бидејќи во областа испратила веќе неколку десетици илјади мобилизирани војници.
„Не би се изненадил доколку следните неколку седмици успешно дојдат до таа стана од реката. Украина и натаму напредува на истокот од земјата и полека но сигурно го стега обрачот околу Херсон од југ. Тоа е тешка борба“, рече Валас без да даде конкретни податоци за неговите тврдења.
Столтенбер рече дека сојузниците во НАТО ќе продолжат да им помагаат на украинските единици во текот на зимските единици. Увери дека без разлика на исходот од изборите од САД, ќе продолжи силната помош за Украина, но призна и дека има и разногласие, одговарајќи на прашањето дали стравува од „заморот“ на Западот од украинската тема.
„Секако, секогаш има некои гласови кои имаат поинакво мислење, тоа е нормална ситуација во демократските општества, но големо мнозинство испраќа јасен сигнал дека ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина“, рече челникот на НАТО.
Столтенбер потсети дека „сојузниците и партнерите во НАТО обезбедуваат невидена досега поддршка на Украина“. Според него, Алијанската ќе продолжи да го прави тоа „колку што е потребно“.
Столтенберг во интервјуто за телевизијата Sky News рече и дека Русија поседува моќен воен потенцијал кој не треба да се потценува.
„Не треба да ја потценуваме Русија. Таа сѐ уште има капаците и сила да нанесува удари врз украинските градови. Видовме беспилотни летала и ракетни удари… Тоа покажува дека Русија сѐ уште може да направи многу штета“, рече Столтенберг.
Столтенберг води разговори и со новиот британски премиер Риши Сунак со кого ќе разговара и за иднината на НАТО. Тој е првиот странски челник кој се среќава во Сунак, и тоа во моментот кога Британија се подготвува да ги ревидира своите одбранбени приоритети, а владата разгледува кастрење на потрошувачката.
Сунак изјави дека Велика Британија ќе остане „еден од темелите“ на НАТО, но и дека Алијанската „мора да еволуира“ со менувањето на предизвиците.
Британската влада на 17-ти ноември ќе го претстави предлог-буџетот кој ќе опфати намалување на потрошувачката и зголемувањето на даноците, што ќе го доведе во прашање остварувањето на целта за потрошувачка за 3 отсто на бруто домашниот производ (БДП) за одбраната до 2030 година. Министерство за одбрана веќе најави дека некои проекти за нови вооружувања ќе бидат одложени.