Британија ќе ги понуди вишокот вакцин на другите откако ќе го вакцинира своето население

Велика Британија ќе се концентрира на тоа да ја вакцинира својата возрасна популација, пред вишокот на вакцините против коронавирусот им го понуди на други земји, како што е соседната Ирска, изјави во вторникот британскиот министер за претприемништво и енергетика, Квази Квартенг.

Повеќе од 30 милиони Британци ја примел првата доцза од вакцината против Covid-19 во најбрзото вакцинирање во Европа, а намерата е вакцината да им биде понудена на сите возрасни лица до крајот на јули.

Меѓутоа, Велика Британија е во јавна конфронтација со Европската унија, каде што програма на имунизација на населението се одвива со многу побавно темпо, поради застојот во снабдувањето со вакцините.

„Мислам дека нашиот фокус треба да биде настојувањето да ја одржиме Британија безбедна, сакаме исто така и да соработуваме со другите земји, но главниот приорите е да ја спроведеме вакцинацијата“, рече за Sky News министерто Квартенг.

Додаде дека Обединетото Кралство соработува со другите европски земји, за и тамошното население се вакцинира и дека не станува збор за „компетитивна ситуација“.

Меѓутоа, запрашан дали Британија може да ѝ помогне на соседна Ирска, која е членка на Европската унија, Квартенг рече дека „Доколку има вишоци, можеме да ги поделиме, но во овој момент нема вишоци, па и натаму имаме голем број лица кои мораме да ги вакцинираме“.

Лондон договори купување десетици милиони дози на вакцината против коронавирусот од неколку западни произведувачи, а во понеделникот копанијата „GlaxoSmithKline“ објави детални планови за заврпниот дел од производствениот процес до 60 милиони дози од вакцината на „Novavax“ за коритење во Велика Британија.

Британскиот премиер Борис Џонсон е еден од 23-та челници кои во вторникот ја поддржаа идејата за постигнување на меѓународен договор кој на светот би му помогнал заедно да работи на решавњето на идните здравствени кризи предизвикани од пандемии.

„Денес имаме криза и целосно е оправдано да се насочие на тоа да се обидеме да ја решиме во својата земја и да ги заштитиме своите луѓе, за да може,е да се вратима на нормалниот живот“, рече Квартенг.