Кир Стармер во својата прва официјална посета на Киев ќе потпише договор за 100-годишно пријателство со Украина, што треба да биде уште една мерките за осигурување на украинската безбедност по завршување на војната.
Стармер порачува дека 100-годишниот договор ја докажува британската поддршка за Украина, повторувајќи дека и остатокот од Европа стои зад нив. Договорот допрва ќе треба да биде претставен пред британскиот парламент, кога ќе бидат познати и дополнителни детали околу него.
Британскиот премиер објаснува дека договорот само покажува дека Украина нема да биде напуштена од нејзините сојузници и дека тие ќе бидат со нејзе и по завршувањето на војната, а напорите на Путин да го оддалечи Киев од Западот се целосно неуспешни.
Кир и остатокот од Европа кој застана на страна на Украина, периодов бара начини како да и даде издржани безбедносни гаранции на земјата, ама во исто време и да не дозволи таа да влезе во НАТО.
Идниот американски претседател, Доналд Трамп, иако деновиве го пролонгираше рокот, не мрда од позицијата дека има намера брзо да стави крај на војната во Украина.