Британија ги проверува тврдењата за наводен хемиски напад во Мариупол

Велика Британија се обидува да ги провери тврдењата дека наводно руските сили користеле хемиско оружје во Украина во напад врз остатоците од украинските сили утврдени во близина на стратешкиот пристанишен град Мариупол, соопшти ноќта кон вторникот британското министерство за надворешни работи.

Претседателката на парламентарната комисија за интеграција на Украина во Европската унија, Ивана Климпуш, напиша на Twitter дека руските сили наводно во понеделникот вечерта употребиле „непозната супстанција“ во Мариупол и тврди дека „најверојатно е хемиско оружје“.

„Супстанцијата беше дистрибуирана со дрон, а жртвите имаат отежнато дишење и вестибулоцеребеларна атаксија“, пишува Киев индепендент, повикувајќи се на извори од баталјлонот на паравоените формации на крајно десните украински сили „Азов“ кои се опколени во металуршкиот комбинат крај Мариупол.

Се додава дека „ова би можело да биде прва позната употреба на хемиско оружје во Украина од страна на руските сили“.

„Инфорамциите велат дека руските сили можеби употребиле хемиски агенс во напад врз жителите на Мариупол. Итно работиме со нашите партнери за да ги провериме овие информации“, напишта на Twitter шефицата на британската дипломатија Лиз Трас.

„Секое користење на таков тип оружје претставувало брутална ескалација во судирот и ќе го повикаме (рускиот претседател Владимир) Путин на одговорност“, додаде Трас.

Откако Москва цел месец предупредуваше дека Киев заедно со неговите западни инструктори кои се присутни во Укрина подготвуваат инсценирање наводен хемиски напад, во понеделникот украинскиот претседател Владимир Зеленски дека Русија „би моќела да употреби хемиско оружје“ и го повика Западот на наметнување посилни санкции за Москва „да не се осуди ниту да зборува за употреба на такво оружје“.

Агенцијата AFP истакнува дека не можеле независно да ги проверат тие тврдења.

Помошникот на градоначалникот на Мариупол, Педро Андрјушенко, во своите извештаи на каналот Telegram објави дека хемиски напади не се потврдени, како и дека очекува поединости и објаснувања ќе може да објави подоцна.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, изјави дека САД се запознаени со ивештаите.

„Не можеме ништо да потврдиме во моментов, но ќе продолжиме поблиску да ја набљудуваме ситуацијата. Овие извештаи, доколку се вистинитеи, длабоко вознемируваат и укажуваат на страувањата кои ги изразивме околу можноста Русија да употребни бојни средства“, рече Кирби.

 

Русија повторно предупреди дека Украина подготвува хемиски напад за кој треба да биде обвинета Москва