Велика Британија го одобри во средата отворањето на првиот нов рудник на јаглен во последните неколку децении, со цел да обезбеди гориво за производството на челик, проект за кој критичарите велат дека ќе ги доведе во прашање британските климатски цели.
Рудникот на „Woodhouse Colliery“ на северозападот на Англија би произведувал кокс јаглен кој се користи во челичната индустрија, Се очекува дека во него ќе бидат вработни околу 500 луѓе.
Проектот кој беше претставен 2014 година го критикуваа климатските активисти, движења и организации, меѓу кои Грета Тунберг и Гринпис, но и независниот советодавен им на британската влада за климатските прашања.
„Јагленот ќе се користи за производство на челикот, кој инаку би требало да се увезува. Нема да се користи за производство на електрична енергија“, изјави портпаролот на британското министерство за домување.
Додаде дека ќе се тежнее кон тоа рудникот да биде „климатски неутрален“ и дека ќе придонесе за „локалното вработување и поширокото стопанство“.
Емисиите на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклената градина кои настануваат со согорување на јагленот, на пример во челичарниците и електричните централи, се обвинети од климатолозите дека најмногу придонесуваат за климатските промени, а откажувањето од користењето на јагленот го сметаат за клучно во постигнувањето на „глобалните климатски цели“.
Велика Британија усвои низа закони со коишто се обврзува да ги намали сите емисии на „климатско неутрално ниво“ до 2050 година.
Градењето на рудникот со површина од 23 хектари би требало да трае две години, а процената на трошоците за градењето во 2019 година изнесуваше 165 милиони фунти. Се очекува дека рудникот ќе биде во функција 50 години.
Велика Британија, колепката на индустриската револуција, некогаш вработуваше 1,2 милиони луѓе во речиси 3.000 јагленокопи. Последниот длабок рудник во земјата е затворен во 2015 година.