Велика Британија го запре извозот на ретки и документи од војната кои некогаш му припаѓале на националниот херој Алан Тјуринг, кој им помогна на сојузниците да победат во Втората светска војна со пробивање на кодот „Еnigma“ на нацистичка Германија.
Извозот на необјавени трудови на Тјуринг поврзани со проектот „Delilah“, кој разви преносен систем за шифрирање за употреба во воени операции, е привремено стопиран, соопшти во петокот одделот за култура на британската влада.
Мерката привремено запира значајни културни предмети да ја напуштат земјата кога треба да се продадат на купувач во странство, и има цел да ѝ даде време на институција од Велика Британија да ги купи.
Проектот”Delilah”, две подврзани тетратки и шест комплети со слобони листови, се проценуваат на 397.680 фунти (513.047 долари) и датираат од 1943-45 година.
Тјуринг, кој се смета за татко на модерната компјутеристика, е познат по пробивањето на нацистичкиот уред за шифрирање „Engima“, откритие за кое некои историчари велат дека помогнало да се скрати траењето на Втората светска војна за неколку години и е драматизирано во филмот „The Imitation Game” од 2014 година.
Додека силите на Адолф Хитлер ги бомбардирале британските градови и се подготвувале за инвазијата на Русија, сигналите од германските воздухопловни сили се читале во базата на Тјуринг во мирниот парк Блечли во јужна Англија.
Тјуринг ја изгубил работата и бил хемиски кастриран откако бил осуден за непристојно однесување поради секс со маж во 1952 година. Тој се самоубил две години подоцна, на 41-годишна возраст, н можејќи да го издржи кривичното гонење за неговата хомосексуалност.
Доби кралско помилување во 2013 година, а неговото лице денес се појавува на банкноти од 50 фунти.
Рачно напишаната тетратка од 56 страници која му припаѓала на Тјуринг, беше продадена за повеќе од милион долари на аукција во Њујорк во 2015 година.