Британија и СЗО ќе соработуваат на развој на „пандемиски радар“

EPA/MARTIN DIVISEK

Велика Британија ќе соработува со Светската здравствена организација (СЗО – WHO) на развојот на ткн „пандемиски радар“, систем кој би помогнал во брзото препознавање на новите соеви на коронавирусот и глобалното следење на болестите кои се појавуваат, со што би се осигурало „светот повеќе никогаш да не биде фатен неподгтовен“.

Британскиот премиер Борис Џонсон најави план за воспостатување нов „Глобален пандемиски радар“ во пресрет на состанокот на групата дваесет најразвиени земји Г20 на тема глобално здравје, кој во петокот ќе започне во италијанската престолнина Рим.

Од кабинетот на Џонсон порача дека овој проект ќе вклучува мрежа од надзорни центри којашто би можела да ги надгледува можни разгорувања на епидемии и да ги споделува податоците за соевите на вирусот и нивната отпорност на вакцините.

Премиерот Џонсон го користи британското претседавање со Г7 за да ја истакне потребата за подготвеност на идните пандемии и да се формира работна група од стручњаци коишто ќе истражуваат како може да се забрза развојот на вакцини против идните болести.

„Фаќањето во костец со Covid-19 на глобално ниво и обезбедувањето подобра подготвеност з аидните закани за нашето здравје е апсулутен приоритет за британското претседавање со Г7. Мораме да изработиме систем за надзор на болестите кој е соодветен за XXI век, кој ќе овозможи споделување на податоците во реално време и брзо геномско секвенционирање како и одоговор“, истакнува британскиот премиер.

Велика Британија на 3-ти и 4-ти јуни ќе биде домаќин на состанокот на министрите за здравство на земјите од групата Г7, а седмица потоа на југозападот на Англија лично ќе се сретнат највисоките државни функционери.

Велика Британија тврди дека има големи можности во секвенционирањето на вируси кои се многу актуелни, имајќи предвид дека новите соеви на коронавирусот го зголемуваат ризикот од нови бранови на ширењето на заразата.

На состанокот во петокот, лидерите на најбогатите земји во светот ќе усвојат декларација со којашто препорачуваат доброволни акции за јакнење на производството на вакцините против Covid-19, а чиј конечен текст ќе укажува на повлекувањето на притисокот од САд и други држави за откажување од правата на патентот за вакцините.

Фармацевтските компании, пак, ќе објават дека со испораки на поголеми количествата поевтини вакцини за Covid-19 за сиромашните земји во оваа година ќе се обидат да влијаат на глобалната нерамнотежа, изјави претставник на Европската унија.