Британија испратила доверливи информации до земја блиска на Русија

Службеници на британското министерство за одбрана поради грешка во пишувањео документи кои содржеле строго доверливи информации наместо во Пентагон ги испратиле во Мали, земја која одржува блисни врски со Кремљ, објаво во четвртокот вечерта лондонски The Times.

Британските службеници во обидот да се поврзар со Пентагон кој го користи доменот .mil по грешка ја пропуштиле буквате „i“ и наместо до американското министерство за одбрана електринските покари ги испратиле до Мали, кој го кориси доменот .ml, се наведува во текстот.

Во електронските писма, како што тврди весникот, се содражел детални информации за британските тестово во сферата на хиперзвучни проектили.

За тоа дека милиони електрински писма наменети за американската војска завршуваат во владата на Мали поради печатни грешки во суфиксот на доменто, пишуваше неодмана и весникот Financial Times.

Мали, инаку, е една од шесте африкански земји на коишто рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот на руско-африканскиот самит во Санкт Петербург им вети бесплатно жито и вештачки ѓубрива.

Малискиот челник, полковникот Асими Гоита, исто така е еден од десетината африканските лидери коишто имаат договори со руската приватна воена компанија „Вагнер“ чиишто борци им помагаат во справувањето со нападите од џихадистичките бунтовници.

Весникот забележува и дека во чест на Гоита при неговото пристигнување на самитот во Санкт Петербург била построена почесната гарда на руската војска, што укажува на важаноста којашто Кремљ им ја придава на врските со Мали.