Британскиот оператор за електрична енергија и гас, National Grid, им порача на домаќинствата да се подготват за можни прекини на електричната енергија во јануари и во февруари в година, во работни денови меѓу 16 и 19 часот, во време на „навистина студените денови“, доколку се прекине увозот на гас.
Шефот на Националната мрежа Џон Петигру рече дека ќе треба да се воведат прекини ако генераторите на електрична енергија немаат доволно гас за да ја задоволат побарувачката, објави Скај њуз.
Националната мрежа претходно ја информираше дека шансите за недостиг на гас во зима се зголемени и може да се наметнат планирани тричасовни прекини во некои области.
Големи количества електрична енергија се произведуваат од гас, што врши притисок врз националната понуда на електрична енергија бидејќи побарувачката расте во студените временски услови. Велика Британија добива 40 отсто од електричната енергија од електраните на гас, а повеќето домаќинства и се греат на гас.