Велика Британија во вторникот најави нов сет санкции за поединици и странски компании кои според Лондон ги снабдувале руските сили со оружје и други стоки потребни на Русија за војната во Украина.
Санкциите на британското Министерство за надворешни работи ќе бидат насочени на дополнителни 25 поединци и компании од кои 22 се надвор од Русија.
Главна цел на Лондон е иранскиот производител на беспилотни летала „Paravar Pars“ и седум лица во врвот на компанијата, ојашто е под американските санкции од февраури годинава, какои на две компании извознички на мирколектроника чиишто седишта се во Турција.
На компаниите коишто се активни и во Велика Битанија со санкциитете им е забрането основање посеби фондави или склучување слични договори, а им се замрзнува сопственоста, што вклучува и блокирање на сопственоста во Обединетото Кралство.
Лондон воведува санкции и кон низа поединци, меѓу кои е и швајцарскиот државјанин Анселм Оскар Шмуцки, поради финансиски услуги преку компанијата „DuLac Capital Ltd.“ со седиште во Швајцарија.
Словачкиот државјанин Ашот Мрктичев санкциониран е „поради вмешаност во обид за склучување договор за снабдување со оружје меѓу Северна Кореја и Русија“, се наведува во соопштението на британскиот Форинг Офис без да се наведат поединости.
„Денешните санкции дополнително ќе го намали рускиот арсенал и ќе ја затвори мрежата на синџирите за снабдување кои ја поддржуваат одбранбената индустрија на претседателот (на Русија, Владимир) Путин. Сите оние кои ја поддржуваат руската воена машинерија не можат никаде да се сокријат“, тврдеше британскиот министер за надворешни работи Џејкмс Клеверли.
Велика Британија, којашто од превратот во 2014 година е најголемиот воен и политички поддржувач на властите во Киев а особено по почетокот на руската инвазија кон крајот на февраури 2022 година, само за година ипол има санкционирано повеќе од 1.600 компании и лица поврзани со Русија, покрај санкциите без преседан коишто ткн Колективен Запад изминатите девет години ѝ ги наметнува на Москва.