Дополнителната „бустер“ доза од вакцините против Covid-19 им дава на постарите лица високо ниво на заштита против тешката форма на болеста предизвикана од омикрон варијантата на коронавирусот па нема потреба од четвртата доза, порачаа во петокот британските здраствени стручњаци.
Околу три месесца по третата доза од вакцините, заштитата од хоспитализација за повозрасните од 65 години останала на околу 90 отсто, објави британската агенција за здравствена безбедност UKHSA.
„Податоците се многу охрабрувачки и ја истакнуваат важноста од бустер дозата“, порачува во писмената изјава Веи Шен Лим, претставувајќи го поткомитетот за Covid-19 на владината Заедничка комисија за вакцинирање и имунизација.
„Моменталните податоци покажуваат дека бустер дозата продолжува да пружа високо ниво на заштита против тежок тек на болеста, дури и за најранливите постари возрасни групи“, додава Веи.
Поради тоа, комисијата заклучила дека не е веднаш потребно „воведување на уште една дополнителна доза“, се наведува во изјавата.
Заштитата од блага форма на болеста е покусотрајна од заштитата против тешкиот тек на болеста и паднала на околу 30 отсто по околу три месеца, наведуваат од UKHSA.