Британското министерство за одбрана објави дека руските сили „веројатно“ го заземал стратешки важниот град Соледар на граничните области на одметнатата доминантно руско источна украинска област Доњецк,
Британското министерство за одбрана објави во вторникот попладнето дека „руските војници и платениците од Вагнер по четири дена напредување најверојатно ја преземаа контролата“ над Соледар
Соледар, кој пред конфликтот имаше околу 10.000 жители, се наоѓа на десет километри северно од Бахмут/Артјомовск и се верува дека контролата над него е клучна за руската операција за опкружување на големото украинско упориште.
Руското Министерство за одбрана сѐ уште не објави никакви информации во врска со напредувањето во Соледар, откако претходно објави за постепено напредување на руските единици во борбите за силно утврдените украински позиции во неколку километри оддалечениот град Бахмут.
Заземањето на Бахмут би претставувал голем потег на руските сили кон воспоставување на целосна контрола над административните граници на областа Доњецок од пред превратот во Киев во 2014 година, што е една од основните задачи на руската инвазија започната на 24-ти февруари минатата година.
Според воените аналитичари, заземањето на Бахмут отвора непречен простор за напредување на руските сили кон централна Украина, и воедно кршење на најдобро утврдената украинска одбранбена позиција,
„Рускиот правец преку Соледар е многу веројатно обид за опкружување на Бахмут од север и нарушување на украинските комуникациски линии“, објави во невообичаено кусото и попладневно соопштение британското Министерство за одбрана.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно во ноќното обраќање призна дека ситуацијата во Соелдар „тешка“, но тврдеше дека украинските бранители успеале да купат време со својата истрајност и дека Киев „на крајот ќе ги протера Русите од целиот Донбас“.
„А што сака да постигне Русија таму? Сѐ е целосно уништено, нема речиси воопшто живот. И илјадници нивни луѓе со загубени: целата земја во близина на Солдар е прекриена со трупови на окупаторот и рани од нападите. Така изгледа лудилото“, неодредено и конфузно објави Зеленски.