Британија: Повеќе инвестициски проекти во 2022/2023 година, помалку нови работни места

Велика Британија привлекла повеќе странски директни инвестициски проекти во 2022/2023 година отколку од претходната фискална година, но за нив се отворени помалку нови работни места, покажаа официјалните податоци.

Вкупниот број проекти се зголемил на 1.654, од 1.589 една година претходно, покажуваат податоците на Министерството за претприемништво и трговија.

Новите проекти отвориле 79.549 работни места, шест отсто помалку од 2021/2022 година.

Речиси сите региони во Англија забележаа помалку нови проекти во 2022/2023 година, со исклучок на Вест Мидлендс, област во централна Англија, со 181 нов проект, зголемување од 26 отсто во 2021/2022 година и рангирана веднаш до Лондон.

Раст е забележан и во Лондон, како и во Шкотска, Велс и Северна Ирска, покажаа податоците на британската влада во вторникот.