Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА) денеска објави дека на почетокот на јануари ќе престане да објавува статистички податоци за корона вирусот на двонеделна основа.
Статистиката што ја покрива стапката на раст на вирусот моментално се објавува на секои две недели, но агенцијата вели дека тоа повеќе не е потребно, објави Би-Би-Си. Агенцијата додаде дека КОВИД ќе продолжи да се следи на други начини.
Д-р Ник Воткинс, кој е задолжен за објавување на податоците, рече дека тоа е затоа што Велика Британија живее со коронавирусот преку вакцини и потребните терапии.
Стапката на репродукција, позната како стапка R, се однесува на бројот на луѓе на кои заразено лице ќе го пренесе вирусот.
Во екот на пандемијата на корона вирусот, и стапката R и стапката на раст за Англија се објавуваа неделно, а од април оваа година се објавуваат на две недели.
Д-р Воткинс рече дека стапките служат како корисен и едноставен индикатор за информирање на активностите за јавно здравје и владините одлуки.
– Вакцините и терапии ни овозможија да преминеме во фазата во која живееме со Ковид-19 – рече Воткинс.
Тој додаде дека активноста на корона вирусот ќе продолжи да се следи на сличен начин како што се следат и низа други чести болести.
Во земјата, сите преостанати рестриктивни мерки против корона вирусот, вклучително и законската обврска за самоизолација кога некое лице е заразено со симптоми, беа отстранети претходно оваа година, потсетува Би-Би-Си.
Сепак, здравствените власти ги повикаа луѓето со знаци на респираторна инфекција да избегнуваат мешање со други за време на празничната сезона, особено со ранливите категории на луѓе.