Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател изјави дека испратила писмо до меѓународната полициска агенција Интерпол во коие повикува на суспеднирање на простапот на Русија до системот на организацијата поради нејзините воени активности во соседна Украина.
Претходно во неделата Пател изјави дека украинската влада побарала суспендирање на членството на Русија во Интерпол и рече дека Лондон, заедно со членките на новосоздадениот пакт, ја поддржува таквата иницијатива.
„Заедно со колегите од САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд, денеска напишав писмо во кое побарав од седиштето на Интерпол и неговиот извршен одбор оваа седмица да одлучат веднаш да го суспендираат пристапот на русија до нејзинито систем“, објави во неделата вечер Пател на Twitter.
Британската министерка додава дека „дејствијата на Русија претставуваат директна закана за безбедноста на поединци и меѓународната соработка за спроведување на законот“.