Британија повторно ги одложува изборите во Северна Ирска, се надева на договор

Велика Британија повторно ќе го одложи одржувањето на изборите во Северна Ирска, потврди министерот во средата и изрази надеж дека во следните неколку седмици би можело да се постигне договор за формирање на извршната власт, што вообичаено заеднички го делат пробританските унионисти и проирски националисти.

Северна Ирска е без влада речиси две години, откако Демократската унионистичка партија (DUP) ја напушти владата во знак на протест против обидот на Велика Британија да воведе правила за следење по Брегзит, за кои DUP тврдеше дека само ќе создаде сериозни трговски бариери со остатокот од Обединетото Кралство.

Изборите во мај 2022 година не го решија ќор-сокакот, а Лондон претходно оваа седмица го одложи крајниот рок за подготовка на нови избори. На прашањето дали владата има намера повторно да ги одложи изборите, министерот одговорен за Северна Ирска, Крис Хитон-Харис одговори потврдно.

„Мислам дека постигнавме голем напредок и навистина се надевам дека во наредните денови и седмици ќе дојдеме до точка кога DUP ќе дојде до заклучоци кои ќе резултираат со формирање на извршната власт“, ​​рече Хитон-Харис.

Челникот на DUP, Џефри Доналдсон, го потврди напредокот во разговорите, но не даде временска рамка за можен договор.

Про-британските англикански унионистички и проирските глвно католички националистички лидери постигнаа мировен договор на 10-ти април 1998 година, на Велики петок, по маратонските преговори. Вашингтон посредуваше во договорот, а тој беше ратификуван од владите во Лондон и Даблин. Договорот од Велики петок стави крај на тридеценискиот разорен секташки конфликт во Северна Ирска и спорадичните терористички напади во други делови на Британија.