Велика Британија ги повикала сојузниците од НАТО да размислат за испраќање експедициски корусп на Алијансата во Украина, изјавил за руската агенција РИА извор запознаен со темата.
„Во врска со неповолните случувања за Киев на украинското боиште, Велика Британија ги повика сојузниците на НАТО да размислат за испраќање експедициски сили на Алијансата во Украина, како и воспоставување зона на забранети летови над територијата под контрола на властите во Киев и зголемување на снабдувањето со оружје и опрема за украинските вооружени сили“, рекол соговорникот на агенцијата која не го открива неговото потекло ниту позиција.
Истовремено, според него, во Лондон сфаќаат дека мнозинството земји-членки на блокот во овој момент веројатно нема да поддржат такви потези. Сепак, британската страна очекува дека со значителното слабеење на вооружените сили на Украина и успешно напредување на руската војска во длабочона на украинската територија, сојузниците ќе ја одобрат иницијативата, истакнал изворот.
Појаснил дека Велика Британија предлага тајно префрлување големи единици на НАТО со висока маневрирање во Украина од пограничните региони на Романија и Полска за да заземат одбранбени позиции долж десниот брег на Дњепар.
„Не е исклучен ниту превентивен удар на вооружените сили на Молдавија и Романија врз Придњестровје“, додаде соговорникот на агенцијата.
На територијата на Придњестровје од 1990-те години е распоредена оперативна група на руските војски, која ја замени 14-та комбинирана советска армија, којашто по распадот на СССР беше поставена под јурусдикција на Русија. Нејзината главна задача е мировната мисија и заштита на воените складиште. Рускиот баталјон беше испратен по вооружениот конфликт од 1992 година меѓу Молдавија и Придњестровје, како дел од меѓународните мировни сили, во кои беа вклучени и воени набљудувачи од Молдавија и од Украина.
Придњестровје, или Трансдњестрија, чиешто мнозинско населени го сочинуваат Руси и рускојазични Украинци, како и припадници на други народи, во 1990 година пред распадот на СССР се отцепи од советската република Молдавија, стравувајќи од тенденциите на властите во Кишињев, каде што официјален јазик е романскиот – да се присоедини кон Романија. По две години избувна кусиот судир. Во војната која избувна во овој регион во 1992 година загинаа околу 1.500 лица. Оттогаш, практично Придњестровје е независно иако не е признато од ниедна држава, а меѓународната заедница го смета за составен дел од Молдавија, земја со 3,5 милиони жители меѓу Романија и Украина.
Покрај тоа, британскиот план вклучува распоредување на контингент на Алијансата и армии на поединечни членки на воениот блок а територијата на Норвешка и Финска за да ги „развелат“ силите и средствата на руските трупи, посочил соговорникот на РИА.
„Во исто време, стратешки инфраструктурни објекти во северните региони на Русија може да бидат нападнати“, нагласи изворот.
Потоа, според него, војската на НАТО ќе создаде тампон зона во окупираните позиции, вклучувајќи ја и границата со Белорусија и територијата околу Киев, а ослободените резерви на украинските вооружени сили ќе бидат испратени во зоната на борбени дејствија против руските сили.
Така, според планот на Лондон, НАТО наводно ќе може да ги поткопа руските офанзивни способности и Москва ќе биде принудена да преговара, рекол соговорникот, споед кој Британија има намера да ја заврши подготовката на ваквото сценарио до мај оваа година.
Русија постојано забележува дека токму ориентацијата на режимот во Киев кон приклучување кон Северноатлантската алијанса била една од причините за почетокот на, како што официјално ја нарекува Москва, специјалната воена операција. Покрај тоа, руските највисоки функционери повеќепати предупредуваат дека инструктори и воен персонал од земјите на НАТО активно се вклучени во конфликтот во Украина.
Инаку, ова не е првпат од западните сојузници на Киев да се повикува на воспоставување зона на забранети летови над територијата на Украина, како што тоа беше сторено во однос на Либија во 2011 година. Уште пролетта 2022 година, набрзо по почетокот на руската инвазија, магазинот Politico објави дека неколку претставници на надворешната политичка елита на САД ја повикале администрацијата на претседателот Џо Бајден да создаде таква зона над Украина. Сепак, Белата куќа постојано ја отфрла оваа идеја, а генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, неколкупати истакна дека таквиот чекор ќе доведе до војна во Европа со учество на Алијансата и дека „тоа ќе биде директен судир меѓу воздухопловните сили на НАТО и на Русија“.