Британија: Родителите на убиеното девојче апелираат на запирање на безредијата на улиците

Родителите на едно од трите девојчиња убиени на танцов настан посветен на пејачката ѕвезда Тејлор Свифт во северна Англија на крајот на јули на потресниот погреб повикаа за да се стави крај на безредијата ширум земјата кои траат оттогаш.

Деветгодишната Алиса да Силва Агиар и две други девојчиња, шестгодишната Беби Кинг и седумгодишната Елси Дот Стенком,беа убиени а уште осум други беа повредени откако беа избодени со нож во напад на ѝ7-годишник во приморскиот град Саутпорт пред две седмици.

Следеа денови на безредија во Саутпорт и на други места и во поголемите градовит низ Велика Британија, предизвикани од лажни објави на интернет во кои се идентификуваше осомничениот убиец како исламистички имигрант во Англија. Тинејџерот, роден во Британија, во меѓувреме е обвинет, а полицијата соопшти дека инцидентот не го третира како тероризам.

На погребот на девојчето, началничката на локалната полиција на масата ѝ кажал дека родителите на девојчето, Серхио и Александра, со португалско потекло, побарале од неа да упати јавен апел за смирување на ситуацијата.

„Се надевам дека секој кој учествувал во насилните безредија на нашите улици во изминатите 13 дена ќе ја наведне главата од срам за болката што ви ја предизвикаа вам, ожалостеното се мејство“, рече началничката на полицијата во Мерсисајд, Серена Кенеди.

Повеќе од 900 лица се уапсени и 466 обвинети за злосторства поврзани со јавен неред, главно протести насочени кон мигрантите и муслиманите, а десетици веќе се осудени и отслужуваат казни бидејќи случаите брзо се следат низ судовите.

Премиерот Кир Стармер ги нарече немирите „екстремно десничарски насилници“. Стармер ги откажа плановите за одмор за да одговори на ситуацијата, а во наредните месеци се очекуваат уште многу апсења и обвиненија, соопштија обвинителите.

„Прерано те зедоа од нас и често се прашуваме ‘Зошто? Зошто овде? Зошто ние? Зошто вие? Никогаш нема да ја преболиме оваа болка, но ветуваме дека ќе ги добиеме сите одговори“, порачаа родителите на церемонијата.

Политичарите и полицијата ги обвинија дезинформациите на интернет за бранот насилство, при што министерката за образование Бриџит Филипсон рече дека училиштата сега ќе се учат како да забележат лажни вести и „гнили теории на заговор што ги преплавуваат социјалните мрежи“.

Британската влада планира да ги приспособи училишните програми за подобро да ги вооружи децата против дезинформациите и „мачмните теории на заговор“ кои кружат на интернет по неодамнешните немири на екстремните десничари, се вели во интервју објавено во неделата.

„Поважно е од кога и да е им се даде на младите вештини за да станат критички свесни за она што го гледаат на интернет. Нашата реформа на наставната програма ќе вклучи стекнување критички вештини за да ги вооружиме нашите деца против дезинформациите, лажните вести и одвратните теории на заговор што изобилуваат на социјалните мрежи“, вели министерката за образование Бриџит Филипсон за Sunday Telegraph.

Часовите по англиски јазик можат да бидат посветени на анализирање на написи во весници за да се одделат вистинските информации од лажните вести, часовите по компјутерски науки може да помогнат да се идентификуваат страниците со „лажни вести“ или ретуширани слики, додека часовите по математика може да ја нагласат статистиката за толкување.

Владата ги засили предупредувањата до корисниците на интернет и дигиталните платформи во врска со нивните законски одговорности. Во петокот беа изречени првите пресуди и затворски казни против авторите на интернет пораките кои поттикнуваат насилство.

Овие потези остро ги осудени челникот на платформа на X, Илон Маск, кој ги врати сметките, главно на политичари и поддржувачи на конзервативните, суверенистички и десничарски политики, кои ги укина претходното водство на тогашнат мрежа Twitter вклучително и на тогашниот сѐ уште републикански претседател Доналд Трамп, како што покажаа истражувањата, во тесна соработка со администрацијата на американскиот демократски претседател Џо Бајен.

Самиот милијардер, од страна на неолибералистичките таканаречени „прогресивни“ кругови, е обвинет дека „долева масло на огнот“ со овозможување на објава на постови кои наводно се насочени против имиграцијата од „заговрнички“ кругови, вклучително и напис во The Telegraph во кој се тврди дека владата сакала да гииспрати насилници во кампови на Фолкландите, во јужниот Атлантикот, што Лондон го отфрли.