Британија сака да изнајмува странски затворски ќелии за своите криминалци

Планот на Министерството за правда доаѓа додека Британија се справува со намалениот капацитет на затворите. Според Тајмс, од минатата недела, само 768 достапни места биле оставени во затворите низ Англија и Велс.

Министерството за правда на Обединетото Кралство е во преговори со поправните установи ширум Европа да изнајми простор за да се справи со хроничната пренатрупаност во затворите, според секретарот за правда Алекс Чалк.

Како што објави „Тајмс“ во вторникот, британската влада била инспирирана од тоа како земји како Норвешка и Белгија изнајмувале ќелии во странство во минатото и сега се обидува да го промени законот за да им дозволи на затворениците осудени во Англија и Велс да ги отслужуваат своите затворски казни во странство.

Чалк изјави дека Велика Британија веќе е во истражувачки разговори со можните партнери во Европа и дека една од првите земји на листата на потенцијални кандидати е Естонија, која тој лично ја посети летово.

„Оваа влада прави повеќе од било која друга од викторијанската ера за да го прошири капацитетот на затворите“, рече Чалк на конференцијата. „Покрај нашата програма за дополнителни 20.000 затворски места, реновирање на старите затвори и ќелии за брзо распоредување, изнајмувањето затворски места во други земји ќе гарантира дека секогаш имаме простор да ја заштитиме јавноста од најопасните престапници.

Планот на Министерството за правда доаѓа додека Британија се справува со намалениот капацитет на затворите. Според Тајмс, од минатата недела, само 768 достапни места биле оставени во затворите низ Англија и Велс.

Реагирајќи на предлогот, претставниците на Лабуристичката партија и активистите за затворски реформи истакнаа дека потегот на владата е знак дека казнениот систем на Британија пропаѓа и дека Конзервативната партија не може да најде алтернативно решение за проблемот.

Претходно оваа година, Министерството за правда активираше итни процедури за користење на 400 полициски ќелии за сместување на осуденици бидејќи во затворите немаше простор. Според официјалните податоци од крајот на септември, во Велика Британија моментално се сместени 87.793 затвореници. Со сегашната стапка на затворски казни, тој број се очекува да се зголеми на 94.400 до март 2025 година и на 106.300 до 2027 година. Во меѓувреме, вкупниот капацитет на затворите во Британија денес е наведен на само 88.561.

Освен пренатрупаноста, условите во британските затвори се исто така оценети толку лоши што германскиот суд минатиот месец дури одби да екстрадира Албанец во Британија, тврдејќи дека има „валидни основи“ да се верува дека неговите основни права нема да бидат заштитени поради „состојбата на британскиот затворски систем“.