Британскиот политичар Малколм Рифкинд, кој имаше министерски позиции во владите на конзервативните премиери Маргарет Тачер и Џон Мејџор, во средината на 1990-те години предлагал Русија да стане придружен член на НАТО, пишува во вторникот британскиот весник The Telegraph.
Ваквите наводи, според весникот, се потврдуваат од досието составено од Рифкинд, кое сега го објавуваат Националните архиви на Велика Британија во кое се откриваат документи од 1995 година од кои е симната ознаката за тајност. Во периодот од 1992 до 1995 година, Малколм Рифкинд беше британски министер за одбрана.
Рифкинд предупредувал дека Русија не треба да стане полноправна членка на НАТО, затоа што тоа би имало „апсурдни последици, кои од Западот би барале да дојде на помош (на Русија) во некои идни прекугранични конфликти, на пример, со Кина“.
„Можното решение би било да се создаде нова категорија придружна членка на НАТО. Сепак, тоа ќе ѝ даде на Русија формален статус во НАТО, би ѝ овозможило да има право да присуствува на министерските и другите состаноци и да придонесе за постепено обединување и усогласување на политиките, доктрините и практиките“, се наведува во цитираното досие.
Ваквото „делумно“ членство, според мислењето на Рифкинд, ќе придонесе за проширувањето на НАТО, отворајќи го патот за поранешните советски републики да воспостават врски со Алијансата без „навредувања или одмазнички мерки“ од страна на Русија.
Покрај тоа, според документите презентирани од архивот, Форин офисот (британското министерство за надворешни работи) го сметала првиот претседател на Руската Федерација, Борис Елцин, како „лош осигурителен ризик“ поради неговите здравствени проблеми и неможноста да се „справи со пијанството“.
Редица документи во досието го истакнуваат неговото „чудно“ однесување, чии карактеристики варирале од „добронамерна кадифена мечка“ до „полупијан лидер марионета“, така што британските власти биле загрижени дека претседателот е „забележително ослабен“, а реформаторот дека е „непријателски настроен кон проширувањето на НАТО“.
По игра на случајноста, овие документи кои се дел од обемната архива, се објавени во вторникот, токму на 20-годишнината од ненадејната објава на Борис Елцин во полза на Владимир Путин.
Британските документи покажуваат дека Лондон разработил и план доколку Елцин умре доколку е уште на функција. Тие содржат телеграма на британскиот амбасадор во Москва, Ендрју Вуд, од октомври 1995 година, по средбата на Елцин со поранешниот американски претседател Бил Клинтон, кусо откако го преживеал вториот срцев удар.
„Лакомо пиеше вино и пиво и се жалеше што нема коњак… Еден од неговите асистенти му ја зема чашата со шампањ кога оцени дека претерал. Беше весело алкохолизиран во текот на прес-конференцијата со Клинтон“, напишал британскиот дипломат во пораката до 26-ти откомври 1995-та година.
Во втората телеграма од 27-ми октомври Вуд пишува „доколку Елцин ненадејно умре, ќе се најдеме во период на извонреден политички хаос“.
Еден месец подоцна, на 28-ми ноември, британското министерство за надворешни работи му пишало на кабинетот на конзервативниот премиер Џон Мејџор во кое му открива дека изгледа дека рускиот претседател закрепнува од срцевите проблеми. Во тој допис се прецизира дека Елцин за 6 години го надминал просечниот животен век на руските мажи (од 58 години, кој денес е зголемен за речиси десет години), и дека преживеал два срцеви удари за три и пол месеца.
„По првиот срцев удар не потраа периодот на умерено консумирање алкохол, па не треба да се верува дека овојпат ќе биде поинаку. Затоа размислувавме за итен план доколку Елцин умре додека е на функцијата“, пишува во документот.
Го предвидувале и составот на британската делегација којашто би отишла на погребот и нацрт од соопштението за јавноста во име на премиерот. Во тој текст се поздравува „храбриот водач и визионер“ кој ставил крај на конфронтацијата на Русија и Западот во полза на соработката.
И покрај здравствените проблеми и економскиот и криминален хаос по падот на СССР, Елцин една година подоцна по фингираниот државен удар повторнио остана на власт по ненадејната оставка од 31-ви декември 1999 година, отстапувајќи му го водството на својот премиер Владимир Путин.
Претходно објавените американски транскрипти од разговорите меѓу Елцин и Клинтон покажуваат дека американскиот претседател бил запознаен со причините за изборот на Путин на својот руски колега. Елцин почина во 2007 година, на 76-годишна возраст.