Британија склучи нови безбедносни договори со Шведска и Финска

Британскиот премеир Борис Џонсон изјави во средата дека договорил нови безбедносни договори со Шведска и со Финска, ветувајќид ека Лондон ќе ги поддржи воените сили на двете земји доколку бидат нападнати.

„Непоколебливи сме и недвосмислени во нашата поддршка за Шведска и за Финска и потпишувањето на новите безбедносни декалрации се симбол на вечната доверба меѓу нашите нации. Премеирот ќе ја изнесе намерата на Обединетото Кралство да ги поддржи воените сили на двете земји доколку бидат соочени со криза иоли бидат нападнати“, соопшти британската влада пред патувањето на Џонсон во Стокхолм и Хелсинки.

Според британската влада, новите договори ќе ја подобрат размената на разузнавачки податоци и ќе ја забразаат заедничката воена обука , вежбите и мисиите.

Џонсон потпишува нови „декларации за политичка солидарност“ коишто неговата влада ги опишува како „важна промена во одбранбената и безбедноста соработка“, во текот на посетите на Шведска и на Финска подоцна во средата.

Британскиот премиер со неговата шведска колешка по должност Магдалена Андерсон веќе во средата го потпишаа договорот во резиденцијата во Харпсинде.

„Потпишавме декларација за солидарност, што значи меѓусебна поддршка за време на можна криза или напад. Тоа може да вклучува и воена поддршка“, изјави шведската премиерка Андерсон и додаде дека декларацијата ја осигурува безбеднсота на Шведска во случај на воен напад.

И Џонсон истанка дека Британија ќе пружи помош во случја на евентуелен напад врз Шведска,

„Доколку Шведска биде нападната и ни се обрати за поддршка, ние би ѝ ја понудиле“, рече Џонсон но одби да ги коментира прашањата дали таквата помош ќе вклучува и нуклеарна поддршка.

Се очекува дека Шведска и Финска, кои и онака со децении имаат постојана директна соработка со западната воена алијанса за неколку дена конечно позитивно ќе одговорат на долгогодишните напори да бидат привлечени во членството во НАТО во заднината на руската воена интервенција во Украина. Се стравува, меѓутоа, дека во текот на пристапниот процес, кој може да трае и една година, двете скандинавски земји во непосредна близина на Русија ќе бидат ранливи.