Во саботата рекордни речиси 600.000 луѓе во еден ден ја добиле првата доза од вакцината против коронавиирусот во Велика Британија, покакажуваат службените бројки кои во неделата ги објави владата, а земјата се приближува до бројката од 9 милиони вакцинирани, пренесува BBC.
Во саботата биле вакцинирани 598.389 луѓе, со што вкупиот број вакцинирани наближува до девет милиони, бидејќи 491.053 луѓе веќе ја примиле и втората доза.
Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека е „одушевен“, додавајќи дека „секоја доза нѐ прибложува еден чекор кон нормалното“.
Во видоинсертот поставен на својот акаунт на Twitter, Хенкок вели дека е благодарен на „секој кој овозможил ова да се случи“, и појаснува дека тоа значи дека се вакцинирани три четвртини од населението на возраст од 75 до 79 години и четири петтини од оние над 80 години.
Велика Британија се приближува до бројката од 4 милиони заразени од почетокот на пандемијата на коронавирусот, и според овој показател е прва во Европа и четврта во светот. Бројот на потврдените смртни исходи како последица од Covid-19 постигна 106.158, со што исто така е прва во Европа.