Британија: Супермаркетите ги молат купувачите да не прават резерви

Супермаркетите во Велика Британија ги повикаа денеска купувачите, поради епидемијата на коронавирус, да не купуваат повеќе производи отколку што им е потребно.

Во заедничкото соопштение за јавноста, неколку британски трговски синџири ги повикаа купувачите да имаат обѕир при набавките, со цел да не останат другите без потребни производи.

– Има доволно производи за сите, доколку заедно работиме, наведуваат маркетите.

Писмото е упатено до јавноста откако неколку продавници почнаа да ја рационализираат продажбата на одредени производи, за да изгледа дека тие целосно се распродадени.

Во соопштението се додава и дека купувањето преку интернет целосно е во функција, а вработените и доставувачите работат деноноќно „со цел нацијата да биде задоволена“, но и дека соработуваат со Владата и снабдувачите со цел да се обезбеди испорака на стока до продавниците.

– Ја разбираме вашата загриженост, но купување повеќе од потребното понекогаш предизвикува другите да останат без неопходните продукти, се наведува во соопштението.