По повеќечасовен молк и неreaгирање на прашањата на светските агенции, во средата попладнето британското министерство за одбрана негiраше дека неговиот разурнувач во Црното Море со предупредувачки оган и маневарско бомбардирање бил вратен од руските територијални води, како што претходно објави руското министерство за одбрана.
„Немаше предупредувачки истрели (…) Врз бродот HMS Defender не беше стрелано и не ги признаваме тврдењата дека на неговиот курс биле фрлени бомби“, реагираа од министерството за одбрана на Велика Британија во објава на Twitter, при што се тврди дека „екипажот постапил во согласност со меѓународното право“.
„Бродот на Кралската морнарица чесно минува по украинските територијални води во согласност со меѓународното право“, се тврди уште во твитот на Лондон.
Во објавата, исто така, се зборува дека Русија наводно изведувала во Ценото Море „вежби за гаѓање“ и дека „претходно ја предупредила поморската заедница“ за тоа.
Руските агенции притоа јавуваат дека телефонот на службата за односи со јавноста на британското министерство за одбрана ја вклучувал автоматската секретарка. Западните медиуми, исто така, известуваат дека не можеле да добијат дирeктен коментар за инцидентот.
Москва во меѓувреме го оцени инцидентот како „грубо нарушување“ на Конвенцијата на ОН за поморско право од 1982 година и повика на темелна истрага.
Според Конвенцијата од Монтре од 1936 година, се ограничува престојот на воени бродови во Црното Море на земјите што немаат излез на Црно Море и тие не смеат на таа територија да ги задржуваат своите бродови подолго од 21 ден. Документот, исто така, предвидува дека во акваториумот истовремено може да се наоѓаат до девет такви бродови со вкупна носивост не поголема од 30 илјади тони.
Агенцијата AFP потсетува дека според соопштението на британска Кралска морнарица од 10-ти јуни, бродот „HMS Defender“ во акваториумот впловил во рамките на воените вежби во рамките на НАТО „привемено се одвоил од работната група поради сопствени мисии во Црното Море.
Руските агенции претходно објавија дека околу пладнето во средата по локално време дека брод на поморската патрола отворил предупредувачки оган во правецот на британскиот разурнувач кој впловил во руските територијални води во Црното Море.
Руското министерство за одбрана објави дека британскиот разурнувач претходно бил предупреден дека разурнувачот „HMS Defender“ дека навлегол три километра на страната на руската државна граница, во близина на ‘ртот Гиолнет на полусотровот Крим, но дека од британскиот екипаж немало орговор.
„Разорнувачот беше предупреден дека оружјето е подготвено за употреба доколку не се врати од нарушувањето на државната граница на Руската Федерација. Не реагираше на предупредувањето“, се наведува во руското соопштение и се додава дека бомбардерот „Су-24М“ по курсот на британскиот брод исфрлил четири високо експлозивни касетни бомби како предупредување за разурнувачот, по што британското пловило се вратило од курсот.