Британија започнува со тестирања на 80.000 лица за сузбивање на новите соеви на коронавирусот

Велика Британија во вторникот започнува со тестирање на 80.000 луѓе од врата до врата, во обидот да го сузбие новиот проазаразен сој, ткн јужноафриканската варијанта на коронавирусот SARS-CoV-2.

Англиските здравствени власти потврдија вкупно 105 случаи на јужноафриканскиот сој на коронавирусот од 22-ри декември. За да се спречат новите жаришта, жителите на осум региони во земјата ќе мора да се тестираат дали покажуваат сиптоми или не. Ќе бидат опфтени три области во Лондон, два на југоистокот и по едно во централна, источна и западна Англија.

Ќе бидат тестирани сите во погодените региони, дури и доколку се асимптоматски, за да се пренесе синџирот на пренесувањето на заразата во заедницата.

„Тоа е загружувачки, многу загрижувачки. Сѐ уште сме во опасната фаза од овој вирус и имаме нови варијанти кои се шират“, изјави за Sky News министерката за образование Мишел Донелан.

Британија спроведува програма за масовно вакцинирање на населението против коронавирусот. Речиси 9,3 милиони луѓе ја примило првата доза од вакцината, но владата и здравствените власти стравуваат дека новите соеви на короанцирусот ќе ги поткопат нивните намери да ја стават под контрола епидемијата.

Владата е критикувана поради доцнење со воведување на карантинот за патниците кои пристигнуваат во земјата преку пристаништата, кои можеби ги донеле новите соеви.

Весникот The Times објви дека водечкиот научен советник рекол дека Обединетото Кралство треба да воведе построги мерки на границите. Иако е забрането патувањето во ризичните земји, најавената програма за карантини во хотелите сѐ уште не е започната.

„Верувам дека министерот за внатрешни работи за тоа ќе извести оваа или на почетокот од следната седмица. Знам дека владата ќе работи на остварувањето на оваа политика и нејзиното спроведување што е поскоро можно“, изјавила Донелан за радиото Times.

Научниците тврдат дека јужноафриканскиот сој на коронавирусот е позаразен, но како и во случајот на британскиот сој, сѐ уште нема докази дека предизвикува потшека форма на болеста Covid-19 или влијае врз зголемување на смртноста. Меѓутоа, неколку лабораториски студии откриваат дека ја намалува ефикасноста на вакцината и на терапијата со антитела.