Конервативната партија на премиерката Тереза Меј и главната опозициска Лабуристичка партија очекуваат катастрофално лоши резултати на изборите за новиот состав на Европскиот парламент, кога тие ќе бидат познати во неделата дозна вечерта.
Според процанета на поранешниот лидер на евроскептичната партија UKIP, Најџел Фараж, неговата сегашана партија Брегзит ќе освои околу 40 отсто од гласовите во бобрата за 73-те мандата на Велика Британија во Европскиот парламент. Тоа е повеќе од процентот кој двете традиционално најсилни британски партии може да освојат заедно.
Во кампањата за британските избори доминираше расправа за тоа како, кога и дали земјата треба да ја напушти Европската унија.
„Мислам дека веројатно ќе добиеме добар удар по вечерашните изборни резултати… Подготвени сме за тоа“, изјавил за Sky Ners лабуристичкиот премиер во сенкат Џон Мекдонел.
Поранешниот минситер за брегзит Доминик Раб, ијави дека стравувањето на од двете големи партии ја покажува „фрустрацијата на гласачите од сите политилари кои не успеале да ги исполнат ветувањето за брегзитот“.
Челникот на лабуристите, Џереми Корбин, исто како и премиерката Тереза Меј која веќе ја најави оставката од сите должности, се соочува со поделби во својата партија. Многу од неговите сопартијци барат Корбин посилно да ја поддржи кампањата за одржување втор референдум за брегзитот, за што тој се двоуми бидејќи смета дека демократијата ќе биде оштетена доколку не биде спроведена волјата на мнозинството гласачи изразена на референдумот од јуни 2016 година.