Британија и Русија се „борат“ за Арктикот

Велика Британија ќе испрати 800 војници на Арктик за да ја спречи Русија да „ја зграпчи земјата“ , изјави британскиот министер за одбрана Гевен Вилијамсон.

Според него, британската влада во моментов прави „Стратегија за одбрана на Арктик“ која предвидува распоредување на стотици командоси во Норвешка следната година поради се поголемото Руско влијание во „нашиот заден двор“ пренесува британскиот „сан“

Вилијамсон истакнува дека Русија повторно ги отворила старите воени бази од периодот на Советскиот Сојуз кои со години биле запуштени и ја засилила активноста на подморниците,  поради што Британија мора да ги заштити своите интереси.

Британскиот министер за одбрана вели дека неговите колеги министри од владата се загрижени дека „додека се топи мразот на Арктик“ рускиот претседател Путин  ќе се обиде да ја „заземе земјата и таму да ги интензивира своите активности“.