Британскиот воени сили ќе бидат распоредени за да ја засилат безбедноста, изјави премиерката Тереза Меј, а земјата ја зголеми опасноста од тероризам на највисокото „критично“ ниво по нападот на бомбаш самоубиец во Манчестер во кој беа убиени 22 луѓе, меѓу кои и деца.
Премиерката Тереза Меј ноќта во вторникот рече дека припадниците на вооружените сили ќе бидат распоредени на клучните места за да ги ослободат полициските сили за патролирања, а војниците би можеле да бидат распоредени на јавните настани како што се концерти и спортски настани, бидејќи се смета дека директно се заканува нов напад.
Меј рече дека независното тело коешто го одредува нивото на закана препорачало да се зголеми на „критично“ од „сериозно“, веднаш откако мажот кој полицијата го именуваше како Салман Абеди предизвика експлозија на импровизирана бомба ноќта кон вторникот додека публиката заминуваше од концертот на американската пејача Аријана Гранде.
„Тоа значи дека нивната процена е дека можен напад не само што останува многу веројатен, туку и дека нов напад можеби и непосредно се заканува“, изјави премиерката Меј во телевизиската изјава по состанокот на владината комисија за реакции на кризи.
Британското ниво на закана од меѓународен тероризам последен пат беше зголемено на „критични“ во јуни 2007 година.
Меј, којашто треба да излезе на националните избори на 8 јуни, изјави дека мажот идентификуван како Салман Абеди, бил роден и пораснал во Велика Британија и дека се води истрага дали дејствувал сам.
„Напорите преземени во текот на денот открија дека постои можност којашто не можеме да ја пренебрегнеме, дека постои поширока група од поединци поврзани со овој напад“, рече премеирката.