Британка тврди дека знае кој бил Џек Мевосек

Праправнуката на англиски полицаец кој учествувал во трагањето по еден од најпознатите убијци во историјата Џек Мевосек, тврди дека го открила идентитетот на серискиот убиец на проституки во источен Лондон кон крајот на XIX век.

Од тогаш десетици луѓе се доведувани во врска со убиствата, па дури и членови на британското кралско семејсто и премиери.

Во книгата којашто ќе биде објавена во август, Сара Бакс Хортон, потомка на полицаец кој учествувал во истрагата, тврди дека станува збор за Хајм Хајмс, поаѓајќи од описите на сведоците.

Во разговор за The Sunday Telegraph, Хортон вели дека ове е првпат Хајм Хајмс, произведувач на цигари, епилептичар и зависник од алкохол, да биде идентификуван како Џек Мевосек.

Според тезата на авторката, како што пренесува весникот, Хајмс често ја тепал својата сопруга, мислејќи дека го изневерува и бил уапсен кога неа и својата мајка ги нападнал со секира.

Сведоците од тоа време го опишувале како маж во триесеттите години од животот со исушена рака и свиткани колена. Авторката изнесува медицински податоци кои зборуваат дека Хајмс, кој во 1888 година имал 35 години, се здобил со повреда поради којашто „не можел ниту да ја свитка, ниту да ја испружи“ левата рака, и дека имал проблеми со колената, како и дека пател од редовни напади на епилеспија.

Медицинските податоци собрани во болниците и милосрдните засолништа упатуваат на тоа дека времето на неговата физичка и ментална болест се совпаѓа со периодот на убиствата меѓу август и ноември 1888 година. Во тој периодот во лондонскиот кварт Вајтчепеч се убиени шест жени.

Авторката заклучува дека болеста, засилена со алкохолизмот, го навела на убивање. Убиствата престанале кон крајот на 1888-те, кога полицијата го привела Хајмс како „полуден скитник“. Следната година е сместен во санаториумот „Colney Hatch Lunatic Asylum“ на северот на Лондон.

Во 2014 година авторот и претприемач Расел Едвардс дојде до заклучокот дека Џек Мевосек бил Аарон Космински, еврејски емигран од Полска кој работел како бербер, а и претходно бил сметан како еден од главните осомничени. Неговата теза, темелена на ДНК анализа, подоцна е побиена.