Саша Џонсон, активистичка на организацијата Црните животи се важни (Black Lives Matter) е во критична состојба откако во понеделникот утрото во јужен Лондон е тешко ранета од огнено оружје во главата, соопшти нејзината партија.
Лондонската метрополитенска полиција Скотланд јард апелира на очевидци откако е пронајдена жената во дваесеттите години од животот во којашто е пукано во квартот Пекам.
Полицијата додава дека жената, чиј идентитет не се открива, е пренесена во болница со повреди опасни по животот.
„Сите се надеваме дека состојбата на оваа млада жена ќе се поправи“, изјави главниот инспектор Џими Теле и додаде дека нивната истрага е „во раната фаза“, како и дека „во тек е итна истрага за да се утврдат околностите“.
Џонсон, инаку мајка на две деца, е една од водечките личности во движењето Black Lives Matter во Велика Британија, и членкa на извршниот одбор на водството на Партијата за преземање иницијативи.
„Нападот се случил во раните утрински часови, по бројните закани со смрт поради нејзиниот активизам“, тврди во соопштението нејзината партија.
Нејзина пријателка, меѓутоа, во изјава за јавниот сервис BBC рекла дека смета оtи „инцидентот повеќе е поврзан со ривалски банди, отколку со нејзиниот активизам“, како и дека „Џонсон не била предвидена како жртва“.