Новиот вид на коронавирусот, што брзо се шири низ делови на јужна Англија, „има невообичаено голем број мутации, дури 22“, тврди британскиот вирусолог Венди Баркли.
Професорката Баркли, раководителка на Одделот за инфективни болести на Кралскиот колеџ во Лондон, за Би-Би-Си Радио 4 изјави дека „вообичаено кај вирусот се забележуваат една до две промени, но дека новиот вид на ковид- 19 има дури 22“.
– Ова е итен знак за узбуна. Меѓутоа, морам да додадам дека е биолошки можно вирусот да се промени на овој начин заради овие мутации – рече таа.
Професорката нагласи дека сега е најважно да се дознае дали вакцините, сепак, се подеднакво ефикасни против новиот тип на ковид-1