Британска амбасада Скопје се приклучува кон иницијативата на претседателот на државата Стево Пендаровски „Волонтираме за солидарно општество“ и утрово донира 450 пакети со вкупно 6.200 прехранбени продукти и продукти за хигиена за поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот, информира Британската амбасада.
– Донацијата е направена во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, која е една од партнерските организации во рамките на оваа хуманитарна иницијатива. Доставата на овие пакети до граѓани кои се од најранливите социјално загрозени категории ќе се врши согласно протоколите за заштита и за превенција, а врз основа на искуството на Црвениот крст на Република Северна Македонија – веларт од Амбасадата.
При извршување на донацијата Британска амбасада Скопје ги почитуваше сите протоколи за безбедност пропишани и препорачани од Владата и од Светската здравствена организација, вклучително и физичка дистанца, проветрување, дезинфекција, миење раце и носење заштитна опрема (маски и ракавици).