![FILE PHOTO: Bank of England (BoE) building seen in London](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/london.jpg?resize=696%2C479&ssl=1)
Активноста во британската економија се намалила се намалила во април, втор месец со ред, одразувајќи го подот во секторот услуги по укинувањето на тестирањата на граѓаните на Covid-19, додека кочници за индустријата биле инфлацијата и проблемите во синџирите за снабдување.
Британскиот бруто домашен производ (БДП) паднал во април за 0,3 отсто во однос на март кога беше намален за 0,1 отсто, извести во понеделникот заводот за статистика ONS.
Првпат од почетокот на минатата 2021 година намалена е активноста во индустријата, градежништвото и услужниот сектор, за 1, односно за 0,4 и за 0,3 отсто, истакнуваат британските статистичари.
Главната причина за падот на БДП-то е укинувањето на тестирањето на граѓаните на Covid-19, истакнуваат од ONS, додека во индустријата го истакнуваат растот на цените и тешкотиите во синџирите за снабдување.
„Големиот пад во здравствениот сектор поради укинувањето на програмата за тестирање и следење, ја турна британската економија во април во негативната територија“, коментира за Reuters директорот за економска статистика при ONS, Дарен Морган.
Активноста во здравствениот сектор и социјалната грижа паднала дури за 5,6 отсто, се наведува во извештајот.
„Трпеше и производството, а некои компании рекоа дека нивното работење го притиска растот на цените на горивата и енергијата. До некаде ги амортизирал растот на продажбата на автомобили, која закрепнала од значително слабиот март отколку што е вообичаено“, додал Морган.
Од ONS нагласуваат дека во сите стопански гранки се забележуваат конкретни знаци на влијание на рекордните цени на горивата и енергијата врз работењето на компаниите. Тие сигнали наведуваат на заклучокот дека растот на цените, особено на горивата и енергијата, влијаат врз индустријата во целина, се додава.