Британската кралица Елизабета Втора во саботата официјално го прослави својот 94-ти роденден, следејќи ја парадата и воениот оркестар во кралскиот дворец Виндзор, наместо вообичаената ценемонија во централен Лондон.
Кралицата на својот вистински роденден на 21-ви април одржува приватни церемонии, а потоа тој ден го одбележува и официјално, најчесто во втората сабота на јуни, главно поради временските прилики кои го овозможуваат одржувањето на парадата.
Кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг принцот Филип, со кој се во брак 72 години, го напуштија Лондон во април, како превентивна мерка поради епидемијата од коронавирусот која го зафати и Обединетото Кралство.
Одбележувањето на роденденот е организирано во дворецот Виндзор, наместо традиционалната церемонија „Trooping the Colour“, којашто секоја година се одржува во близина на Бакингемскиот дворец.
Принцот Филип во средата наполни 99 години, а во саботата не присуствувал на свеченоста којашто директно ја пренесуваше BBC.
Елизабета Втора е родена во април 1926 година, а на престолот е од 1952 година, кога имала 25 години. Во 2015 година го надмина шест децении долгото престојување на тронот на кралицата Викторија која владеела од 1837 до 1901 година.
Three cheers for Her Majesty! 📣💂 @WelshGuards pic.twitter.com/FlDebHGrke
— The Royal Family (@RoyalFamily) June 13, 2020