Британската круна ја продолжува традицијата на божикната служба во Сандрингем

Британското кралско семејство, по тригодишната пауза, ја обнови во неделата долгогодишната традиција на учество на божикната богослужба во Сандрингем, на истокот од Англија кад што традиционално ги минува празниците.

Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата сопруга Камила ја предводеа поворката, а ги следеа престолонаследниот принц Вилијам со сопругата принцезата Кетрин Мидлтон.

Присутен беше и принцот Ендрју, помладиот брат на кралот Чарлс кој ретко е гледан во јавноста откако беше откриено дека е вмешан во сексуалните скандали со малолетници поврзани со американскиот финансиер Џефри Епштајн и неговата соработничка Гислејн Максвел.

Мноштво поданици на британската круна се собраа да ги поздрават челновите на кралското семејство додека чекореа од дворецот Сандрингем до црквата којашто е во рамките на целиот имот.

Пандемијата претходните години ја прекина оваа традиција, Кралицата Елизабета втор, која почина на 8-ми септември, божикниот период тогаш го минуваше во Виндзор западно од Лондон. Комеморацијата за покојната кралица беше во центарот на годинешното одбележување на празникот.