Британската полиција се откажа од истрагата за шокантното интервју на Леди Ди од 1995-та

Британската полиција објави во четвртокот дека нема да отвора итрага за шокантното интервју коешто во 1995 година принцезата Дијана го дала на новинар на јавниот сервис BBC, а овој е обвинет дека согласноста за интервјуто ја добил со фалсификување на документи.

„По исцрпната анализа и советоте коишто ги добивме, одлучивме дека не е опортуни да се отвора кривична истрага за таквите наводи“, соопшти началникот на Скотланд јард, Алеск Мареј.

Интервјуто, коешто во емисијата „Panorama“ го гледеле речиси 23 милиони Британци, одекна како експлозија бидејќи принцезата Дијана, којашто две години подоцна загина во мистериозна сообраќајна несреќа во Париз, во него тврди дека незјината брачна заедница ја сочинувале „три лица“, мислејќи на врската којашто со години принцот Чарлс ја одржувал со, Камила Паркер, а признава дека и самоата имала романтична афера.

Двојката започна да живее одвоено во 1992 година, а официјално се разведе во 1996 година. Принцот Чарлс, британскиот престолонаследник, дискретно се венча со Камила Паркер во 2005 година.

Дваесет и пет години по тоа интервју, Чарлс Спенсер, братот на принцезата Дијата, го обвини новинарот Мартин Бејшир дека фалсификувал документи и така го издејствувал интервјуто. Тврди дека новинарот му покажал банкарски дознаки, за коишто дополнително се покажало дека се лажни, како доказ дека разузнавачките служби плаќаат две лица од британскиот двор за шпионирање на неговата сестра.

„Доколку не ги видев тие дознаки, никогаш не би го претставил Бејшир на својата сестра“, напиша Спенсер минатата година во писмото до BBC и побара да му се извини поради таквите „нечесните“ постапки.

BBC во ноември објави дека отвориле независна интерна истрага за тоа интервју, што беше поздравено од принцот Вилјамс, постариот син на Дијана и Чарлс.

„Во оваа афера, како и во секоја друга, ако се појавата нови важни докази, ние ќе ги разгледаме“, објави лондонската полиција.