
Британската полиција која ја истражува смртта на 39 луѓе, кои наводно се кинески државјани, кои оваа седмица беа најдени мртво во камион во близина на Лондон, соопшти во петокот дека уапсила две лица под сомневање дека криумчареле луѓе, иоти продолжува со испитувањето на возачот на камионот.
Откако Кина ја повика Британија „строго да го казни“ одговорните за смртта на овие луѓе, полицијата објави дека привела маж и жена, и двајцата на 38-годишна возраст, во Варингтон, на северозападот од Англија. Тие се осомничени дека учествувале во заговор поради криумчарење луѓе и дека се вмешани во 39-те убиства.
Дваесет и петгодишниот возач на камионот, по потекло од Северна Ирска, е во притвор и е осомничен за убуствата на 39-те лица. Според некои медиуми, при претресот во два објекта во селото Лорелвале, во кое живеел возачот со семејството, биле пронајднеи 300.000 фунти во готовина.
Во средата на 23-ти октомври британсклата полиција откри тела на 39 лица, 38 возрсни и еден тинејџер во камион-ладилник, кои според првичните податоци во Обединетото Кралство влегол преку пристанишниот град Холихед, каде што пристигнуваат фериботовите од Ирскиот остров. Белгиското обвинителство потоа потврди дека камионот испловил од пристаништето во Зеебруг.
Досега е познато дека компанијата „ Global Trailer Rentals“ ја изнајмила приколката ладилник долгорочно во северноирската грофоција Монахан од 15-ти октомври по цена од 275 евра месечно.
Во медиумите се појавија информации дека сите жртви се државјани на Кина, но официјално тоа не е потврдено. Се работ на идентификација на телата, а од понеделник треба да започне обдукцијата, што ќе потрае.