Британската полиција советува претпазливост на прославите на Новата година

Британската антитерористичка полиција советува во неделата неколку часа пред полноќ граѓаните да бидат претпазливи на прославите на Новата година на отворено, а лондонската полиција ги засили безбедносните мерки на поголемите собири.

„Доколку сте на некој настан, внимавајте едени на други. Доколку забележите што и да е необично или сомнително, немојте да го игнорирате, туку пријавете го“, објави британската антитерористичка полиција на Twitter.

Најголемиот метеж се очекува на Трафалгар Сквер во центарот на Лондон и по кејот на реката Темза каде што жителите и туристите ќе го следат традиционалниот огномет.

Полицијата ја зголемила претпазливоста поради годинешните терористички напади, изјавил полицискиот службеник Ник Олдворт, додавајќи дека во Лондон не постои никаква конкретна закана.

Меѓу мноштвото народ распоредени се регуларни полицајци и полициски службеници во цивил, а вклучени се и обучени полициски кучиња, надзорни камери и технологија за препознавање на регистарските ознаки.

Лондонскиот градоначалник Садик Кан изјави дека 2017 година бела „тешка година за градот, но дека лондонци се истакнале со великодушноста и храброста“.

Бурата Дилан и штрајкот на железничарите ги нарушија транспортот во северот на земјата, меѓутоа големите пречеци на отворени ќе се одржат во шкотската престолнина Единбург и во другите градови според планираното. Бурата во текот на ноќта ја погоди Ирска со ветрови кои дувале до 124 километри на час.