Двајцата главни помошници на британската премиерка Тереза Меј поднесоа во саботата оставки откако нејзината Конзервативна партија не доби апсолутно мнозинство на предвремените парламентарни избори, за што и беа распишани.
Ник Тимоти, еден од шефовите на кабинетот на британската премиерка Тереза Меј, изјави дека ја поднел оставката во петокот, а BBC јавува дека оставка поднела и неговата колешка Фиона Хил, советничка за комуникација
„Причината за разочарувачкиот резултат не е недостигот од поддршката за Тереза Меј и конзервативците, туку неочекуваното јакнење на поддршката за лабуристите“, оценува Тимот на порталот ConservativeHome.
„Ја преземам одговорноста за својата улога во изборната кампања, а тоа е беше надзорот на нашата политичка програма. Особено жалам поради одлуката што не ги вклучив во (предизборниот) манифестот горна и долната граница во нашиот предлог за ублажување на проблемот со растот на трошоците за социјалната грижа“, додава Тимоти.
Тереза Меј и покрај ослабените позиции најави дека ќе ја формира и следната британска влада, со поддршката на северноирските унионисти DUP.