Британската влада го осуди скандирањето за Абрамович

Британската влада реагирапше и ја осуди реакцијата на голем дел навивачи на лондонскиот фудбалски клуб Челзи кои на последните натпревари му скандираа на санкционираниот руски милијардер Роман Абрамович, чиишто вложувања го препородија премиерлигашот.

Од Даунинг стрит таквиот став го нарекоа „целосно несоодветен и неприфатлив“. Меѓу другото, дел од навивачите на Челзи му скандираа на Абрамович, долгогодишниот сопственик на клубот, кој е санкциониран поради наводното „големо пријателство“ со рускиот претседател Владимир Путин на гостувањето кај Барнли и тоа во време додака на повик од разгласот на стадионот треше аплауз како поддршка за Украина.

Абрамович е еден од 35-те руски милијардери во Англија. Во 2018 година стана државјанин на Израел што му помогна да влезе во Британија на шест месеци.

Британската влада, под изговор како санкции за руската воена операција во Украина а за Москва како ограбување на сопственостите на руските државјани, санцкионираше седум руски милијардери меѓу кои е и Абрамович. Поради замрзнувањето на располагањето со неговата сопственост во Велика Британија, тој е принуден да го продаде Челзи што сега е на чекање.

„Ограничувањето на замрзнувањето на сопственоста, исто така, се применува на сите субјекти во сопственост или под контрола на Роман Абрамович. Тоа значи дека фудбалскиот клуб Челзи, исто така, подлежи на замрзнување на имотот под финансиските санкци на Обединетото Кралство“, наведе тогаш британската влада.

„Како и претходно и сега сите мои одлуки ги носам во насока да бидат најдобри за Челси. Со оглед на актуелната ситуација, решив да го продадам клубот бидејќи тоа е решение кое е најдобро за тимот, навивачите, вработените, како и за спонзорите и партнерите. Продажбата нема да биде брза, туку ќе биде според сите законски процедури. Нема да барам ниту еден од моите заеми дополните да биде вратен. Челси за мене никогаш не бил бизнис или начин да дојдам до пари, туку бил чиста страст кон фудбалот и клубот. Истовремено, дадов инструкција да биде формирана добротворна фондација на чија сметка ќе бидат префрлени сите пари кои на крајот ќе останат од продажбата, кои ќе бидат донирани. Фондацијата ќе работи во интерес на сите жртви од војната во Украина. Ова е исклучително тешка одлука и ме боли што повеќе нема да бидам дел од клубот, но мислам дека ова е во негов најдобар интерес. Се надевам само дека ќе добијам шанса барем уште еднаш да го посетам „Стемфорд бриџ“ за лично да се збогувам со сите вас. Беше привилегија да се биде дел од Челси и горд сум на нашите заеднички успеси. Челси и неговите навивачи секогаш ќе бидат во моето срце“, напиша Абрамович.

На 28-ми февраури израелските медиуми објавија дека руско-израелскиот милијардер Роман Абрамович престојува во Белорусија на барање на Киев, со цел да помогне во преговорите меѓу Русија и Украина за ставање крај на конфликтот. Абрамович, сопственикот на лондонскиот фудбалски клуб Челзи, бил побаран од Украинците да помогне и тој отпатувал за Белорусија за да учествува во дискусиите.

Абрамович го купи Челзи во 2003 година како просечен англиски прволигап за околку 140 милиони фунти од Англичанецот Кен Бејтс, а сега клубот се проценува на околу три милијарди евра.  Во 2012 година лондонскиот клуб првпат во својата историја ја освои Лигата на шампионите, а во 2021-ва го повтори овој подвиг. Во ерата на Абрамович, Челзи уште стана пет пати шампион на Англија, пет пати во ФА Купот и двапат на Лигата на Европа, во 2013 и 2019 година.

Имиграциониот оддел наводно добил насоки да му забранат на Абрамович да се врати во неговата вила во близина на дворецот Кенсингтон, која ја платил 125 милиони фунти. На неговиот случај работи специјална имиграциона единица.